Хроника Сопственичка на фирма од Виница осомничена за фалсификување пари

Сопственичка на фирма од Виница осомничена за фалсификување пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против З.А. (36), која се товари за фалсификување пари, соопшти полицијата.

Осомничената, според полицијата, откако набавила една фалсификувана банкнота од 100 евра, на 30 октомври оваа година ја пуштила во оптек, односно при набавка на цигари за нејзината фирма во Виница на дистрибутерот му платила со лажната банкнота.