Македонија Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на неколку патни правци

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на неколку патни правци

Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

На патниот правец с.Лисец – Попова Шапка, видливоста е намалена од 50 до 100 метри поради магла. Магла има и на планинскиот превој Стража.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени.