Македонија Сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира АМСМ

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка, додека низ цела Македонија врне ситен дожд, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ додаваат дека граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила откако грчките земјоделци го прекинаа штрајкот. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува преку градот Битола.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.