Македонија Сообраќајот кон Меџитлија целосно во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот кон Меџитлија целосно во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци

Денеска од 9 до 15 часот и од 17 до 21 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и за излез од Македонија кон Грција на граничниот премин Меџитлија – Ники, поради штрајк на грчките земјоделци, информираат од АМСМ.

Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците.

Земјоделците се одлучени да не се откажат од протестите додека не бидат исполнети нивните барања, додека од грчката влада јасно истакнуваат дека менувањето или откажувањето од оваа мерка ќе ја загрози грчката стабилност и одново ќе ја стави Грција пред закана да биде исклучена од еврозоната.