Македонија Сообраќајот кон Грција утре ќе биде во прекин поради штрајк на грчките...

Сообраќајот кон Грција утре ќе биде во прекин поради штрајк на грчките царински служби

Поради штрајк на грчките царински служби, утре ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, информираат од Министерство за внатрешни работи.

„Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот на 20 октомври, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20 октомври, а на преминот Дојран од 5 часот до 23 часот утре“, се вели во соопштението на МВР.