Хроника Сообраќајна незгода во Тетово, двајца повредени

Сообраќајна незгода во Тетово, двајца повредени

Автомобил „бе-ем-ве“ со скопски регистерски таблички, во кое се наоѓале Ј.Д. (36) и З.И. (44), двајцата од Скопје, излетал од патот, неколкупати се превртел и завршил во блиската нива, информира СВР Тетово.

Од излетувањето и од превртувањето, двајцата добиле сериозни повреди и со возило на Брза помош и со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната лекарска помош, итно се испратени на скопските клиники.

Според првичните информации, причината за несреќата е неприлагодената брзина според условите на патот.