Македонија Сончевото време со натпросечни температури за овој период од годината, продолжува

Сончевото време со натпросечни температури за овој период од годината, продолжува

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи од 2 до 19, а дневната температура од 22 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 27 Целзиусови степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови не се очекува промена на временската состојба, ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.