Македонија Сончевото време продолжува, температура до 20 степени

Сончевото време продолжува, температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со максимална температура до 18 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината.