Македонија Сончево време со врнежи и со грмежи попладне

Сончево време со врнежи и со грмежи попладне

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и со грмежи, особено во западните делови од земјава.

Дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени во Дојран, 34 степени во Тиквешијата, 31 степен во Скопје, 30 степени во Битола. Во Крива Паланка и во Берово температурата ќе достигне до 27 степени, во Охридско-струшкиот Регион до 27 степени и до 24 степени на крајниот запад на земјава.

Повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, како и утре претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува. Утре дневната температура ќе се движи од 26 до 31 Целзиусов степен.

Посилни врнежи се очекуваат в сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура, вели прогнозата на УХМР.