Македонија Сончево време со умерена облачност, попладне можен локален дожд

Сончево време со умерена облачност, попладне можен локален дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Во крајните западни делови од земјава ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Утринската температура се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе биде меѓу 28 и  32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утринската температура се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјата. В недела ќе преовладува стабилно, суво и релативно топло време.

В понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд со појава на грмежи, кога и дневната температура ќе биде во опаѓање.