Македонија Сончево време со умерена облачност и температура до 29 степени

Сончево време со умерена облачност и температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Повременo ќе дува засилен, претежно северен, ветер долж Повардарието и кон исток. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура до 15 Целзиусови степени, а дневната температура до 26 степени.

Од утре следува период на претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, така што во деновите од викендот ќе биде во интервал од 30 до 38 Целзиусови степени.