Македонија Сончево време со умерен северен ветер и температура до 17 степени

Сончево време со умерен северен ветер и температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, а максималната од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе биде во интеревалот од два до 14 Целзиусови степени. Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.