Македонија Сончево време со температура до 34 степени

Сончево време со температура до 34 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Максималната дневна температура ќе достигне од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 31 Целзиусов степен.