Македонија Сончево време, со температура до 32 степени

Сончево време, со температура до 32 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната се очекува да достигне од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, односно сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.