Македонија Сончево време со температура до 32 степени

Сончево време со температура до 32 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево со мала облачност. Утринската температура во главниот град се спушти до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 30 степени.