Македонија Сончево време, со температура до 29 степени

Сончево време, со температура до 29 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне, во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската темпаратура се движи од 8 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 19 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 29 Целзиусови степени.