Македонија Сончево време со температура до 29 степени

Сончево време со температура до 29 степени

Времето ќе биде сончево и топло со свежо утро и со слаб главно североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а дневната од 22 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 9, а дневна температура до 28 Целзиусови степени.