Македонија Сончево време со температура до 18 степени

Сончево време со температура до 18 степени

Времето ќе биде сончево и потполо, а во западните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени.