Македонија Сончево време со температура до 16 степени

Сончево време со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 1 Целзиусов степен, а дневната од 8 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 5 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 10 степени.

Во наредните два дена ќе преовладува сончево време со студени утра, а преку денот ќе биде потопло.