Македонија Сончево време, со температура до 10 степени

Сончево време, со температура до 10 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Дневната температура ќе се движи во интервал од седум до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура во главниот град ќе достигне до седум Целзиусови степени.