Македонија Сончево време со мала облачност и температура до 23 степени

Сончево време со мала облачност и температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, поголема на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневната температура ќе се движи од 5 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 Целзиусови степени.

Утре облачноста ќе се зголеми, а дневната температура ќе биде во благ пораст.

Од четврток следува период на променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.