Македонија Сончево време, попладне со дожд и грмежи

Сончево време, попладне со дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје слично време со температура до 33 Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.