Македонија Сончево со умерена облачност и температури до 15 степени

Сончево со умерена облачност и температури до 15 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од минус пет до два Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од шест до 15 степени.

Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди и слаб ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до шест Целзиусови степени.