Македонија Сончево, со умерена облачност и со температура до 19 степени

Сончево, со умерена облачност и со температура до 19 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, а во источните делови на земјата и значителна облачност. Во одделни котлини има појава на утринска магла и на мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Утринската температура се движи од 0 до 6 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 19 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и со максимална дневна температура до 17 Целзиусови степени.