Македонија Сончево со умерена облачност и температура до 18 степени

Сончево со умерена облачност и температура до 18 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од југозападен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Утринската температура се движи од минус 1 до седум Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и слаб југозападен ветер. Денвната температура во главниот град ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Од утре и за време на викендот се очекува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува умерен ветер од јужен правец. Пообилни врнежи синоптичарите најавуваат за ноќта меѓу сабота кон недела.