Македонија Сончево со умерена облачност и температура до 15 степени

Сончево со умерена облачност и температура до 15 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од минус пет до два Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од шест до 15 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала од умерена облачност. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 10 Целзиусови степени.