Македонија Сончево со температура до 26 степени

Сончево со температура до 26 степени

Фото: Арбнора Мемети

Времето денеска ќе биде сончево, со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со дневна температура до 23 степени.

Од утре полека температурите ќе почнат да опаѓаат. Утре максималната температура се очекува да достигне до 24 Целзиусови степени, а в четврток само до 17 степени.