Македонија Сончево со температура до 24 степени

Сончево со температура до 24 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала, а во попладневните часови на места и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево со слаб ветер од североисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 22 Целзиусови степени.