Македонија Сончево со температура до 24 степени

Сончево со температура до 24 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од минус 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 22 Целзиусови степени.