Македонија Сончево со слаб до умерен ветер

Сончево со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус 13 до минус 3 Целзиусови степени, а дневната од 2 до 8 степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време со температура до 5 Целзиусови степени.

И утре нè очекува стабилно време, а од понеделник се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд и од снег кон крајот на работната недела.