Македонија Сончево време со мала облачност, попладне дожд и грмежи

Сончево време со мала облачност, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи меѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 30 Целзиусови степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека од попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи. Утре на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.