Македонија Сончево и топло време со услови за дожд попладне

Сончево и топло време со услови за дожд попладне

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната температура од 27 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната температура до 34 Целзиусови степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. Во четврток и во сабота во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.