Македонија Сончево и топло време со температура до 38 степени

Сончево и топло време со температура до 38 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд со грмежи, кои ќе бидат поизразени во западните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе се искачи од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 9.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со услови за појава на локална облачност и на краткотраен дожд.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 38 Целзиусови степени.