Македонија Сончево и топло време со температура до 37 степени

Сончево и топло време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде топло, малку ветровито со локална облачност без услови за дожд.

Долж Повардарието, во централните и во источните делови од земјава температурата ќе достигне 37 Целзиусови степени, а во другите делови од државата до 35 Целзиусови степени.

Во Скопскиот Регион се очекува слично време со температура до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.