Регулаторна: Ако парното недоволно загрева, сметката треба да биде пониска

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) соопшти дека според Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, ако парното греење е недоволно, корисниците треба да добијат пониски сметки. За тоа да се случи, првин е потребно корисниците да добијат решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија.

„Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се корегира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана . Да заклучам, ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија со решение, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка. Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕВУ.

Регулаторна објави и табела за процентите на намалување на сметките во однос на констатираната температура.

 

ТАБЕЛАРЕН НОРМАТИВ

за корекција на варијабилниот дел од надоместокот за топлинска енергија во колективен станбен објект кога измерените внатрешни температури се пониски од 20 Целзиусови степени

 

 

Измерена температура [0С]

Корекција на паушалот  

 

Статус

 

Намалување

(%)

 

Да плаќа

(% )

20 0 100
19,5-19,9 -3 97 21
19-19,4 -6 94 22
18,9 -8 92 23
18,8 -10 90 24
18,7 -12 88 25
18,6 -14 86 26
18,5 -16 84 27
18,4 -18 82 28
18,3 -20 80 29
18,2 -22 78 30
18,1 -24 76 31
18 -26 74 32
17,9 -28 72 33
17,8 -30 70 34
17,7 -32 68 35
17,6 -34 66 36
17,5 -36 64 37
17,4 -38 62 38
17,3 -40 60 39
17,2 -42 58 40
17,1 -44 56 41
17 -46 54 42
16,9 -48 52 43
16,8 -50 50 44
16,7 -52 48 45
16,6 -54 46 46
16,5 -56 44 47
16,4 -58 42 48
16,3 -60 40 49
16,2 -62 38 50
16,1 -64 36 51
16 -66 34 52
15,9 -68 32 53
15,8 -70 30 54
15,7 -72 28 55
15,6 -74 26 56
15,5 -76 24 57
15-15,4 -80 20 58
14,5-14,9 -90 10 59
14,5 -100 0 60

 

 

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...