Македонија Сончево и топло, со температура до 37 степени

Сончево и топло, со температура до 37 степени

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне се очекува развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и со грмежи, особено во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно претпладне сончево, а попладне со мала до умерена облачност.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 37 Целзиусови степени.