Македонија Сончево и топло време, со температура до 35 степени

Сончево и топло време, со температура до 35 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Утринската температура се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со слаба облачност и слаб ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 35 Целзиусови степени.