Македонија Сончево и топло време, попладне облачноста ќе се зголемува

Сончево и топло време, попладне облачноста ќе се зголемува

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со натпросечна дневна температура на повеќе места во земјава. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје се очекуава слично време. Утринската температура ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Под влијание на нов влажен бран, попладне, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во вторник претпладне повторно на повеќе места ќе има поројни дождови и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови од земјата. Ќе дува и засилен јужен ветер.