Македонија Сончево и топло време со температура до 29 степени

Сончево и топло време со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне облачноста ќе се зголемува од запад. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.