Македонија Сончево и топло време со температура до 28 степени

Сончево и топло време со температура до 28 степени

Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 26 степени.