Македонија Сончево и топло време со температура до 27 Целзиусови степени

Сончево и топло време со температура до 27 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 27 степени.

И во главниот град се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 6 Целзиусови степени, а дневната до 26 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура.