Македонија Сончево и топло време, со мала облачност

Сончево и топло време, со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од 16 до 33 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. За време на викендот во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се очекува в понеделник, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.