Македонија Сончево и топло време

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во западните и во југозападните подрачја можна е појава на краткотраен дожд и на грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 22 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 31 Целзиусов степен.

Во текот на следните денови се очекува постабилно време и мал пораст на температурата, сè до петок, кога во попладневните часови се очекува појава на краткотраен дожд и на грмежи во западните делови на земјата.

Според УХМР, во текот на викендот и в понеделник се очекува особено топло време.