Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови се очекува умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Дневната температурата ќе се движи од 28 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје и во околината се очекува исто време, со температура до 35 Целзиусови степени.
За време на претстојниот викенд, особено во западните делови од земјата, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.