Македонија Сончево и топло, со температура до 36 степени

Сончево и топло, со температура до 36 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од северен правец. Утринската температура се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 31 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 9.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следи период на претежно сончево и топло време, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.