Македонија Сончево и топло, со температура до 29 степени

Сончево и топло, со температура до 29 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 2 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево, со слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 26 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и топло време со натпросечна дневна температура за овој период од годината. Од понеделеник ќе преовладува облачно време, со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.