Македонија Сончево и топло, од петок нов влажен бран

Сончево и топло, од петок нов влажен бран

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, која ќе биде поприсутна во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе бидат од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 20 Целзиусови степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. В четврток сè уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер. Особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи.