Македонија Сончево и потопло време со температура до 26 степени

Сончево и потопло време со температура до 26 степени

Времето денеска претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, со ретки грмежи во јужните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 26 степени.