Македонија Сончево и потопло, со температура до 22 степени

Сончево и потопло, со температура до 22 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 19 Целзиусови степени.