Македонија Сончево и посвежо време, со температура до 23 степени

Сончево и посвежо време, со температура до 23 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност. Ќе дува засилен, а на моменти и силен ветер од северен правец, со брзина поголема од 80 километри на час, особено долж Повардарието.

Утринската температура се движи од 8 до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и посвежо, со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 19 Целзиусови степени.